Vesela ucilnica-Doma veselaucilnica - Растителни органи и нивната улога - Webquest IV1 одд.Vesela ucilnica-Doma Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS




СОДРЖИНИ

Посетители

Total online: 4
Guests: 4
Users: 0

Модератор и креатор
на Web-страната
одд. наставник



Контакт



едукативно забавни страни






E is for Explore!



”Love
Растителни органи и нивната улога
Webquest
Природа

Во воведниот дел задавам задача да откријат со кого се во пар (пар дадени ливчиња со бројки од дневникот). Ја откривам целта на часовите и им ги кажувам очекувањата кои треба да ги постигнат.Објаснувам каде се наоѓа и како се пополнува работниот лист1(линк) преку LCD проектор. Им давам напатствија да го проучат  текст(линк) (улога на растителните органи), да го пополнат работниот лист2 (линк). Се презентираат неколку работни листови преку LCD проекторот и се оценуваат од своите соучениците со истакнување на една боја од семафорот, која боја најмногу доминира тие ученици оценуваат со усна повратна информација (линк).
  

 



Во главниот дел го презентирам WebQuest-от преку LCD проектор и платно, задавам задача учениците да се навратат на текстот (да го прочитаат секој индивидуално, а потоа да работат на поставената WebQuest задача. Им помагам во работата на компјутер на нивно барање објаснувам, покажувам, ја следам нивната работа, ја оценувам нивната практична работа со помош на чек листа (линк).

 

 



Webquestot -задачата може да ја превземете на slideshare во прикажаниот прозорец подолу

Webquest Растителни органи и нивната улога from Nella S Nikovska

Во завршниот дел поминувам покрај паровите и на USB ги ставам нивните изработки ( изработените презентации), а потоа ги поврзувам преку проекторот и давам задолжение по еден член од парот да ја презентира нивната презентација (да го чита текстот, да објасни како се вметнати сликите и текстот, подлогата на слајдовите  и како е зачуван документот на работната површина). Го следам и оценувам презентирањето преку методот усни презентации, а со помош на аналитичка листа (линк). Организирам избор на најубаво изработена презентација ( со убав дизајн, правилно вметнати слики и текст, точно напишана содржина ). Прогласувам победници со најубаво изработена презентација.

*Дневна подготовка (линк)

 

 



Видео запис од релизираниот час






Пребарување

Flag Counter

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела 2.5 Македонија.

Follow Nella's board ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА on Pinterest.
Календар
«  November 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930




Нашето ЕКО катче




едукативно забавни
ликови












Copyright MyCorp © 2024
Website builderuCoz