Vesela ucilnica-Doma veselaucilnica - Што е асертивност?Vesela ucilnica-Doma Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS




СОДРЖИНИ

Посетители

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Модератор и креатор
на Web-страната
одд. наставник



Контакт



едукативно забавни страни






E is for Explore!



”Love

Што е асертивност?

Во секојдневниот живот чести се ситуациите кога се загрозени нашите потреби на другите луѓе. Како ќе се решат тие ситуации, во голема мера, зависи од однесувањето на луѓето; агресивно, пасивно или асертивно.

Агресивните луѓе се борат за своите права и потреби на тој начин што ги загрозуваат туѓите. Нивната цел е да бидат над другите. Тие веруваат дека само тие се во право и дека најдобро е да нападнеш некога пред тој да те нападне тебе. Во своето однесување насочени се исклучиво кон себе, склони се кон доминација, обвинувања и понижување на соговорникот.

Пасивните луѓе не знаат ефективно да се борат за своите права. Нивната цел е да се избегне конфликтот, да бидат на сигурно, одговорноста им ја препуштаат на други, ги потиснуваат своите потреби, интереси и способности. Тие веруваат дека не можат да постигнат успех во животот, дека другите ќе „суредат“ ако не бидат „фини“ веруваат дека нивните способности се ограничени и најсигурно им е да бидат во подредена положба. Тие често се жалат, плачат, се извинуваат, повредени им се чувствата, се самопонижуваат, но истовремено ги обвинуваат другите.

Асертивните луѓе се борат за своите права без да ги загрозуваат правата на другите луѓе.Нивната цел е да комуницираат со другите луѓе, да влијаат на нив, да ги користат своите способности и да стекнат самопочитување без да ги понижуваат другите. Тие сакаат да откријат што е добро, а не кој е во право. Веруваат дека двете страни се одговорни за своето однесување. Тие ги знаат своите права и ги ценат своите способности. Нивното однесување е цврсто, но не и непријателско. Спремни се да информираат, објаснуваат, но и да ги искажат своите цели и очекувања. Асертивната личност смета дека има право: да биде почитувана, да ги изразува своите чувства и мисли, сериозно да биде сослушана, да ги постави сопствените приоритети, да рече „не“ без да се чувствува виновен, да го бара она што го сака, да го добие она што го платила, да погреши, да одбие неоправдано барање. Асертината личност смета дека и сите други луѓе ги имаат истите права.



Пребарување

Flag Counter

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела 2.5 Македонија.

Follow Nella's board ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА on Pinterest.
Календар
«  December 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031




Нашето ЕКО катче




едукативно забавни
ликови












Copyright MyCorp © 2024
Website builderuCoz