Vesela ucilnica-Doma veselaucilnica - Час по математика (IIодд) од Тања Стојкоска со примена на QR код од ООУ „Гоце Делчев“ Г. ЛисичеVesela ucilnica-Doma Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS




СОДРЖИНИ

Посетители

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Модератор и креатор
на Web-страната
одд. наставник



Контакт



едукативно забавни страни






E is for Explore!



”Love

Реализиран час од колешката Тања Стојковска со примена на QR код по математика во второ одделение од ООУ „Гоце Делчев“ Горно Лисиче

Детален опис на активностите од реализираниот час на колешката Тања Стојковска, одржан на 23.11.2016 година (среда) по математика со примена на мобилна и компјутерска технологија.

Наставна содржина „Читање и разбирање на вредноста на парите до 50 денари,,

 

Цели на учење:

Да ги препознаваат парите

Да дадат практични примери за користење на парите

Да ги именуваат сите монети и банкноти во нашата држава

Да ги препознаат, опишат и именуваат парите

Да ја разбере вредноста на банкнотите 

Практично да ги применат стекнатите знаења

Критериуми на успех (очекувани резултати): Можат да препознаат пари, можат да дадат практични примери за користење на парите, можат да препознаваат, именуваат и опишуваат монети и банкноти, примена на знаењата за пари

Ресурси (средства и материјали): Господин Код, тркало со монети, касички прасиња, наставен лист, QR кодови, I–nigma апликација, таблет ,мобилен телефон, значка за детектив, листови за боење, Quvier апликација

ВОВЕДЕН ДЕЛ: На почеток ги воведувам во математичката приказна ,,Господин Kод,,. Ги запознавам со гостинот на нашиот час –господон Код кој за да запознае со нив ги прашува кои монети ги познаваат. Кога ќе го одговорат прашањето можат да ја започнат играта,, тркало со монети,,.Три ученици го вртат тркалото со монети, а потоа со затворени очи допираат три монети кои потоа ги собираат и запишуваат во касичката прасе.

 

 

ГЛАВЕН ДЕЛ: 

Господин код им се заблагодарува и им кажува дека имаат можност од помошници детективи да станат вистински детективи ако ја завршат следната задача.

Задачата е следна:

1. Ја собираат сумата на дадените монети.

2. Од трите понудени одговори го заокружуваат точниот одговор

3.Со примена на апликацијата I–nigma инсталирана на мобилен телефон или таблет се чита скриениот QR код каде се покажува точното решение и штиклира ако е точно. Потоа си ги менуваат улогите.

По успешно извршената задача секој ученик добива значка за детектив.

 

 

 

 

ЗАВРШЕН ДЕЛ: Господин Код сака да се заблагодари на своите детективи и ги наградува со играчка кој можат да ја купат со нивните пари. Господин Код им дава лист со омилените играчки ко тие треба да го обојат, а потоа со апликацијата Quvier ја гледаат играчката во 3 Д форма.

 

 



Пребарување

Flag Counter

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела 2.5 Македонија.

Follow Nella's board ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА on Pinterest.
Календар
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930




Нашето ЕКО катче




едукативно забавни
ликови












Copyright MyCorp © 2024
Website builderuCoz