Vesela ucilnica-Doma veselaucilnica - Наше учество во eTwinig проектиVesela ucilnica-Doma Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS




СОДРЖИНИ

Посетители

Total online: 4
Guests: 4
Users: 0

Модератор и креатор
на Web-страната
одд. наставник



Контакт



едукативно забавни страни






E is for Explore!



”Love

ВОВЕД

Што претставува е еTwinning?

еTwinning е дел од  Програмата за доживотно учење.

    Интернет платформата на оваа програмска рамка како дел од Comenius дава можности за виртуелни проекти со партнерства на повеќе училишта од повеќе земји, со искористување на предностите што ги дава Информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) во процесот на комуникација и колаборација помеѓу образовните институции од цела Европа, размената на искуства и можноста да создаваат и прилагодуваат нови иновативни методи, пристапи и производи во основното и средното образование. 

    Задачата на еTwinning е поставување и развој на систем од мрежи помеѓу училиштата. Сите ученици од Европа, во рамките на своето основно и средно образование треба заедно со своите наставници да имаат можност за учество во образовни проекти со ученици и наставници од други европски земји. Ова искуство може да биде решавачко во поставувањето на европската димензија во образованието и формирање кај младите претстава и знаење за европскиот модел на јазична и културна разнообразност. еTwinning проектите служат и за професионален развој на наставниците и обучувачите преку користење на ИКТ.

    Оваа иницијатива ја поставува концепцијата на училишните партнерства на ново квалитативно ниво. Ја застапува идејата за соработка, којашто треба да опфаќа подолг временски период, да вклучува значаен број на наставници, директори на училишта и друг персонал, како и да создава односи и релации помеѓу во поширок спектар на дисциплини.

    еTwinning како платформа е лесна за употреба. Две училишта од различни земји формираат партнерство, за да работат заедно на општи проекти и да разменат идеи и искуство. Комуникацијата се спроведува преку Интернет и со користење на разнообразни ИКТ алатки без наметнување на потреба од физички контакт.

    еTwinning може да започне со партнерство помеѓу две одделенија и да прерасне во образовно партнерство што вклучува активности на повеќе нивоа; се опфаќаат различни образовни дисциплини и се развиваат професионалните способности и компетенции на наставниците што учествуваат во активностите.

За подобро да се запознаете со еTwinning кликнете на долу поставениот линк

превземено од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

 

Наше учество во eTwinig проекти

Нашето одделение оваа учебна година учествува во меѓународни проекти кои се организирани од Здружението на хрватските учители на одделенска настава „Ѕвоно“ од Загреб. Во овие проекти учествуваат три држави Хрватска, Србија и Македонија со над 100 наставници од различни училишта од овие споменати држави.Нашето прво учество беше во проектот „100 dan skole“, целта на проектот беше да се пронајдат и предложат најинтересни и најзабавни активности за да се прослави стотиот ден во училиште, преку игра и други облици на учење. Секое одделение требаше да изготви план со идеи, кои требаше да ги сподели на ФБ страна која беше креирана за самиот проект исто така и реализираните активности  поткрепени со слики и видеа, за потоа да се споделат и на eTwinig - платформата. Креаторите на овој проет се хрватските наставнички Сандра Вук и Јосипа Благус од Загреб Р. Хрватска.

Еве дел од нашите активности:

Нашиот план на активности:

Изготвивме цртежи од сто квадратчиња.

 

 

 

 

 

 

Изготовка на облак со зборови, бројот сто на сто јазици во TAGXEDO

 



Пребарување

Flag Counter

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела 2.5 Македонија.

Follow Nella's board ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА on Pinterest.
Календар
«  December 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031




Нашето ЕКО катче




едукативно забавни
ликови












Copyright MyCorp © 2024
Website builderuCoz