Воспитувањето - дел од семејството и училиштето
Децата никогаш добро не ги слушале возрасните. Но, тие никогаш и не пропуштиле да ги имитираат.
JAMES BALDWIN
Не ја знам формулата за успех, но формулата за неуспех е кога се трудиш сите да ги задоволиш.
BILL COSBY
Родителите не треба да ги учат децата со забрани и дозволи; тие мораат да им всадат уверување дека се што го прават има одредена смисла.
Erik Erikson
Самодовербата кај децата
Самодовербата кај децата
Самодовербата
не нешто со кое се раѓаме. Таа се гради или руши, или погрешно се гради
и повторно се создава. замислете дека од своето раѓање од вашите
родители сте наследиле имот на кој треба да изградите сопствена куќа,
која треба да ја уредите по сопствен вкус. Но, при тоа не треба да
гледате и да ја копирате куќата на соседот. Што ќе изградите на својот
имот или како ќе ја уредите куќата, одлучувате сами. Како мали, без
искуство, правиме детски несигурни потези. Родителите се тука како
значајна подршка и некој кој може и треба да помогнат во градењето на
таа сложена градба - самодовербата.
Човек
којшто има самодоверба, верува дека е способен да размислува и да учи,
да донесува одлуки и да ги решава проблемите што се појавуваат во
неговиот живот. Постојат два вида самодоверба: внатрешна и надворешна.
Внатрешна самодоверба или самопочитување се однесува на чувството и убедување дека со самото постоење сме добри и вредиме. Човек кој поседува самопочит се сака себеси,добро сепознава, има јасни цели во животот и е оптимист.
Надворешна самодоверба се однесува на способностите, на она за што сме вешти да го направиме, да го постигнеме.
Дете со самодоверба Дете без самодоверба
-прифаќа одговорност -премногу е срамежливо
-знае да се контролира - се плаши од нови ситуации
-не е агресивно - агресивно е
-лесно склопува пријателство - тешко поднесува неуспех
-спремно е за соработка - премногу е осетливо на критика
-љубопитно е и сака нови активности - често вели „Јас не можам"
-креативно е - премногу е приврзано за Вас
-упорно е, не се откажува лесно - постигнува помалку од можностите
-не е многу приврзано за Вас - склоно е кон пеферкционизам
-поднесува критика и неуспех - тешко поднесува одлики
- се потценува себеси
- завидливо, љубоморно на други
Стилот на семејното воспитување многу влијае на развивањето на самодовербата кај децата. Постојат четири стила на семејно воспитување: авторитарно, попустливо, незаинтересирано и авторитативно.
АВТОРИТАРЕН РОДИТЕЛ
Авторитарните родители се многу строги, со многу барања од децата. Дисциплината ја постигнуваат со многу закани и казни. Кон децата покажуваат малку топлина. Ја почитуваат послушноста, авторитетот и традицијата. Комуникацијата е еднонасочна, а одлуките што ги донесуваат не ги објаснуваат.
***************

Детето чии родители се однесуваат авторитарно е:
незадоволно, повлечено, несигурно, се грижи како да ги задоволи
родителите, а не како да го реши проблемот, на девојчињата им
недостасува мотивација за постигнувања, а момчињата се агресивни.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ПОПУСТЛИВ РОДИТЕЛ
Попустливите родители се многу насочени кон детето. Тие настојуваат се да му удоволат, манифестираат многу топлина и позитивни чувства. Од детето не бараат ништо и се му дозволуваат.

**********
Детето чии родители се однесуваат попустливо е: најчесто добро расположено, нема чувство за одговорност, има слаба самоконтрола, не е сигурно, разгаленое, незрело, агресивно е ако не го добие тоа што го сака.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
НЕЗАИНТЕРЕСИРАН РОДИТЕЛ
Незаинтресираните родители се преокупирани со самите себеси, не ги интересира што се слушува со детето, ја избегнуваат двонасочната комуникација.

Детето чии родители се однесуваат незаинтересирано:
има променливо расположение, нема контрола на своето однесување, не го
интересира училиштето, склоно е кон земање дрога, алкохол или
пристапување кон деликвенција.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
АВТОРИТАТИВЕН РОДИТЕЛ
Авторитативните родители покажуваат топлина и грижа за детето. Барањата од него ги прилагодуваат соодветно на возраста и способностите или нешто повеќе. Комуникацијата е двонасочна. Го прашуваат детето за мислење и водат грижа за неговите чувства и ги објаснуваат одлуките што ги донесуваат.

Детето чии родители се однесуваат авторитативно:
има самодоверба, има високо самопочитување, сигурно е во себе, спремно е
да прифати ризик, има нагласена потреба за достигнувања, има добра
самоконтрола.