Vesela ucilnica-Doma veselaucilnica - Интегриран активен ден „Капката Воденка“ III одд.Vesela ucilnica-Doma Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS




СОДРЖИНИ

Посетители

Total online: 3
Guests: 3
Users: 0

Модератор и креатор
на Web-страната
одд. наставник



Контакт



едукативно забавни страни






E is for Explore!



”Love
Интегриран активен ден „Капката Воденка"

Интегрирани содржини и предмети: Обработка на текст „Капката Воденка" (македонски јазик), Утврдување за собирање и одземање до 100 (математика), Кружење на водата во природата (запознавање со околината), Дизајнирање на чадор со колаж (ликовно образование),Потскокнување на една и две нозе (физичко и здравствено образование), слушање звуци од природната појава дожд и движење по однапред дадени упаства (музичко образование).
Една од активностите се изведува во училшниот двор на почетокот од денот(игровна активност), остантите се изведуваат во училница.

- Денот го започнувам со игровна активност „Помини ја реката" и ги објаснувам правилата на играта. Ја откривам целите на денот и им ги кажувам очекувањата кои треба да ги постигнат.


 

1.Им ја објаснувам активноста во која преку техниката „Бура на идеи" да го опишат поимот „вода"



 

2.Им поставувам поттикнувачки прашања: Што ќе се случи ако не врне дожд на Земјата?Од каде доаѓа дождот? Зошто врне дожд? Како се создава дождот на земјата?

Им вртам презентација со текстот „Капката Воденка" и изразно им го читам.

Поставувам прашања за содржината на текстот: Дали ви се допадна текстот? Што најмногу ви се допадна и зошто? Што правела капката во океанот?Што и се случило на капката кога огреало жешкото Сонце? Зошто тоа и се случило? Со кого се запознала капката Воденка? Што мислите зошто капката Соленко се вика така?Зошто капката го напуштила облакот? Каде сакала Воденка да слета додека се спуштала кон Земјата? Им задавам задача да го прерскажат текстот со помош на слики. Ја откриваме темата и пораката на текстот.

 

 

 3.Изведуваме обиди за кружење на водата во природата, донесуваме заклучоци и ги искажуваме своите размислувања

   

-Им го објаснувам кружењето на водата со помош на видео.



 

Видео за кружење на водата во природата.



5. Им задавам задолжение да изготват тркало за кружење на водата со сечење, лепење и боење го опишуваат кружењето на водата со помош на тркалото,плакат и цртеж да дизајнираат чадор со колаж хартија

   
6. Им ја објаснувам играта „Водено бинго" а потоа повторуваме за собирање и одземање на броеви до 100 со премин му честитаме на победникот со аплауз.

 


7. Украсување на чадори со сечење и лепење на капки од колаж-хартија.

 

8. Им пуштам музика природна појава дожд прво да ја слушнат, а потоа им задавам задолженија на двајца ученика да ги држат чадорите, а останатите да ја слушаат музиката и на грмењето, природната појава во музиката да се скријат под чадорите, тој што ќе остане надвор ги заменува другите ученици.

   

Видео со музиката на дождот


 

Видео запис од активностите





Материјали кои се употребени во реализација на денот.

*Дневна подготовка

* Материјали за изготовка на тркалото за кружење на водата во природата

*слика1

*слика2

*Водено бинго листа

*Чек листа за оценување


Презентација за денот (може на slideshare во долниот прозорец прикажан подолу)





Пребарување

Flag Counter

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела 2.5 Македонија.

Follow Nella's board ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА on Pinterest.
Календар
«  November 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930




Нашето ЕКО катче




едукативно забавни
ликови












Copyright MyCorp © 2024
Website builderuCoz