veselaucilnica - Манифестација „Рачни изработки“ од проектот „Промовирање на мултикултурализмот во образованието“Vesela ucilnica-Doma
Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS
Модератор и креатор на Web-страната одд. наставник
Контакт
едукативно забавни страни
Манифестација„Рачни
изработки"
На ден 02.11.2012година (среда)
се одржа манифестација на тема „Рачни изработки", во која учесници беа
учениците од I до V одделение од централното и подрачното училиште.
Реализираната манифестација е дел од програмата за Проектот „Промовирање на
мултикултурализмот во образованието", во неа се одржаа повеќе работилници и
тоа:
·Сè од хартија
·Сè од конец и игла
·Сè со глина и пластелин
·Рециклираме
·Украсување предмети
Целта на оваа манифестација беше
поголема соработка, дружење, креативност, имагинација, вештини за создавање на
интересни продукти од различни материјали од различни етнички групи.
Учениците со големо задоволство и
интерес ги изработуваа и создаваа своите изработки за потоа да ги прикажат и
пофалатпред гостите кои ги имаше во
голем број.
Манифестацијата беше
посетена од родители, поранешни ученици а сега почитувани граѓани, претставници
од општина Аеродром, женската НВО "Гердан" и други гости од локалната
заедница.