Vesela ucilnica-Doma veselaucilnica - ПРОЕКТ МВ втора дестинација ТурцијаVesela ucilnica-Doma Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS




СОДРЖИНИ

Посетители

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Модератор и креатор
на Web-страната
одд. наставник



Контакт



едукативно забавни страни






E is for Explore!



”Love

Наше второ патување во Турција

Прва активност: Читање, разговор или пребарување на важни информации за Турција. Ајде, да патуваме ...

Позначајни информации

Турција е земја која се наоѓа на Блискиот Исток, со дел во Европа (на Балканскиот Полуостров) и дел во Азија (мала Азија).Таа е планинска, а највисокиот врв е Арарат (5 156м). Најголеми езера се:Туз, езеро во средина на земјата, и Ван езеро на исток на земјата. Таа излегува на четири мориња: Црно Море, Мраморно Море, Егејско Море и Средоземно Море.Главен град на Турција е Анкара, во него се наоѓа мавзолејот на големиот турски претседател Кемал Ататурк. Во Турција се говори турски јазик.Во времето на големото Турско царство се пишувало со арапски букви (оддесно налево), а во 1928г.,воведени се латиничните букви со некои дополнителни букви.

Втора активност: Изготвување на картичка за Турција, авионски билет и обележување на Турција на мапа

 

Трета активност: Учење на турски зборови со апликацијата The Hello Atlas и мапирање на Турција  со апликацијата Atlas

Учиме турски зборови:merhaba (мераба)-здраво; sagol (сааол)-благодарам;gule gule (гиле гиле) оди си насмеан (му се вели на тој што си заминува).

Броеви:bir (бир)-еден; iki (ики)-два; uc (ич)-три;dort (дорт)-четири;bes(беш)-пет; alti(алти)-шест; yedi(једи)-седум; sekiz(секиз)-осум;dokuz(докуз)-девет;on(он)-десет.

Турски зборови кои секојдневно ги користиме: калдрама, папучи, таван, јорган.

  

  

  

Четврта активност:Мапирање на познати места и знаменитости во Турција ( ние сме репортери и известуваме дирекно од местото со ClassTool Generatorot )

Петта активност: Организирање на седенка, пиење на турски чај од хибискус со шеќер. Како и зошто во Турција се пие чај? Обично во Турција се пијат чаеви од нане со многу шеќер.

Шеста активност: Изготвување на турски килим. Комбинирање на мотиви, шари од шеми на турски килим, ја изразуваме нашата креативност. Турските килими, како и персиските се познати по дизајнот и шарите. Честопати килимите се подарувале на султанот, денес  сочувани се некои кои се постари и од 300 години.

  

Седма активност: Наша најинтересна активност играње на турска игра КУКЛА. Играта се ира на отворено. Во кругот нацртан со креда, се поставува мета (конзерва или кутија). Еден играч е чувар на метата. Тој стои отстрана и набљудува. Останатите играчи стојат десет метра подалеку, зад линијата. Еден има топче и по еднаш гаѓа во метата. Целта е метата е да се измести надвор од кругот. Секој играч што ќе ја измести надвор од кругот добива по еден поен, победник е оној кој ќе собере најмногу поени.

 

 

Осма активност: Примена на стара техника ЕБРУ на боење на хартија (со лак за нокти и вода). Ебру е уметност на боење хартија. Шарата која се добива наликува на мермер. Таа уметност потекнува од централна Азија, од каде што се проширила во Персија, а потоа и во Турција. На крајот на 16 век, ЕБРУ втасал и во Европа, во која станал како „турска хартија“. Тој се изработува на начин што природните бои се мешаат со жолќка од говедо, а потоа се прскаат по површината на водата на која е додаден раствор од смола.Кога ќе се нанесе доволно боја, со влакно се образуваат саканите шари, а потоа на површината се положува хартија која ја впива бојата. По неколку секунди, хартијата се крева и се остава да се суши. Истамбул има долга традиција на изработка на оваа хартија. Во музејот Топкапи- сарај во Истанбул може да се видат некои од најстарите примероци.

 

  

Деветта активност: Обработка на турската народна приказна „Во полето со лубеници“, главен јунак Насредин-оџа

ВО ПОЛЕТО СО ЛУБЕНИЦИ

Еден ден, Насредин - оџа застанал да се одмори под еден даб кој растел среде поле со лубеници. Го кренал погледот и здогледал огромно дрво полно со мали желади. Насекаде наоколу, големите лубеници растеле на нежни стебленца на кои им било судено да исчезнат со првиот студ.

-Колку е тоа неправично!- помислил Насредин-оџа. Зар е можно!- едно величествено дрво, како што е дабот, да има толку неугледни плодови, додека, пак, лубеницата се раѓа на стебленце коешто не може ниту да стои исправено.

Додека спиел, нему му се сонило дека дувнал ветар и еден желад му паднал на главата. Тој одеднаш се пробудил, па извикал - Сега разбирам! Доколку лубениците растеа на дрво, сега ќе имав змучка на главата.

   

  

Десетта активност: Изготовка на турска носија и запознавање со непишани правила на однесување во Турција

  

  



Пребарување

Flag Counter

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела 2.5 Македонија.

Follow Nella's board ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА on Pinterest.
Календар
«  December 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031




Нашето ЕКО катче




едукативно забавни
ликови












Copyright MyCorp © 2024
Website builderuCoz