Vesela ucilnica-Doma veselaucilnica - MEMENTO PRIJATELJSTVA eTwining proekt Работилница бр.2 „Да бидеме пријатели„Vesela ucilnica-Doma Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS




СОДРЖИНИ

Посетители

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Модератор и креатор
на Web-страната
одд. наставник



Контакт



едукативно забавни страни






E is for Explore!



”Love

Работилница бр.2 „Да бидеме другари„

ЦЕЛИ НА РАБОТИЛНИЦАТА:

Да го опишат и дефинираат поимот „ДРУГАРСТВО“

Да изготват листа на особини што треба да ги има добриот другар

Материјали:

фломастери хартија во боја, компјутери, работни листови

ВОВЕДЕН ДЕЛ ( 10 минути)

Учениците се поделени во помали групи, им се дава задолжение да изговат сендвич на другарството во web 2.0 алатката http://www.classtools.net/ во кој сите состојки треба да ги заменат со зборови кои се потребни за да биде направен еден прекрасен, фантастичен другарски сендвич.

 

Click here for larger version

Главен дел (25 минути)

Се води дискусија за другарство со учениците Што претставува другарството? Зошто е важна довербата во другарството? Што ќе се случи ако нема доверба? Што мислите како отвореноста влијае врз другарството? Зошто е важно да се биде отворен? Што ќе се случи ако луѓето не се отворени? Што мислите како почитувањето влијае врз другарството? Зошто тоа е важно? Зошто е важна подршката и соработката во другарството? Што ќе се случи ако нив ги нема во другарството? После дискусијата на учениците им се дава задолжение секој од нив да искаже свое мислење со една реченица за  тврдењето „ЗА ДА ИМАШ ДОБРИ ДРУГАРИ, ТРЕБА ДА БИДЕШ ДОБАР ДРУГАР“.

ШТО СЕ ДОБРИ ПРИЈАТЕЛИ?

Еве дел од нивните размислувања:

  1. Добрите другари се слушаат еден со друг.
  2. Добрите другари не се повредуваат еден со друг.
  3. Добрите другари ги разбираат чувствата, емоциите еден на друг.
  4. Добрите другари заедно ги решаваат своите проблеми.
  5. Добрите другари си делат убави коментари.
  6. Добрите другари може да не се согласуваат со некои мислења но не се повредуваат еден со друг.
  7. Добрите другари се почитуваат меѓу себе.
  8. Добрите другари знаат заедно да се забавуваат и играат.
  9. Добрите другари се почитуваат и постојано си даваат подршка еден на друг.
  10. Добрите другари се грижат еден за друг.

Завршен дел (15 минути)

На учениците им се задава задолжение да изготват профил на својот најдообар другар преку техниката „ПЕТОРЕД“.

 



Пребарување

Flag Counter

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела 2.5 Македонија.

Follow Nella's board ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА on Pinterest.
Календар
«  December 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031




Нашето ЕКО катче




едукативно забавни
ликови












Copyright MyCorp © 2024
Website builderuCoz