Vesela ucilnica-Doma veselaucilnica - Лична хигиена II одд.Vesela ucilnica-Doma Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS




СОДРЖИНИ

Посетители

Total online: 4
Guests: 4
Users: 0

Модератор и креатор
на Web-страната
одд. наставник



Контакт



едукативно забавни страни






E is for Explore!



”Love
Лична хигиена


Интегрирани наставни предмети и содржини: животни вештини -„Моја хигиена-моја одговорност", запознавање со околината „Лична хигиена и хигиената во домот", македонски јазик „Приказна во слики „Кучето Лајка".
Сите активности се реализираа во училница, а не посети професор Снежана Адамчевска.

1.Одделенскиот час е содржински опишан во прирачникот за "Животни вештини, a воедно и според него ќе се реализира.Часот започнува со објаснување на техниката „Прозорец" и поставување на прашања. Што гледате во левиот прозорец? Што забележувате кај ова детенце/ Што ви се допаѓа, а што не висе допаѓа? Што би промениле кај ова детенце? Тоа треба да го претставите со слика на која во следниот дел од прозорецот да има измена кај ова детенце а потоа ќе ги видиме и изработките кај некои.


2.Зошто ја направивте оваа измена кај ова дете? Што претставува за вас лична хигиена? Што се правиш за да ја одржиш  хигиената на твоето тело? Што користиш за да ја одржиш личната хигиена? На кои се начини ние го одржуваме нашето тело чисто, ја одржуваме личната хигиена? Кој е одговорен за твојата хигиена? Зошто ја одржуваме хигиената? Што ќе се случи ако не ја одржуваме редовно својата лична хигиена? Како ја одржуваме чистотата во домот? Кој е одговорен за чистотата во вашите домови? Како помагаш за хигиената во домот? Извлекуваме заклучок за дискусијата што ја водевме сега.

3.Им вртам презентација преку проекторот за содржината, повторуваме што сме усвоиле, објаснуваме, кажуваме примери.Им вртам презентација преку проекторот за содржината, повторуваме што сме усвоиле, објаснуваме, кажуваме примери.


Лична хигиена II одд. from Nella S Nikovska

4.Им ги делам работните листови и давам напатствија за нивна изготовка, објаснувам, помагам, координирам.





5. Ја објаснувам  играта  пантомима во која им давам ливчиња испишани со активности за одржување на личната хигиена. Денес ќе бидат во улога на раскажувачи ќе раскажуваат по дадени слики текст со слики од учебникот по македонски јазик „Кучето Лајка", речениците треба да им бидат кратки и јасни и да имаат правилен редослед на зборовите во нив. Им ја покажувам првата слика им укажувам да ја разгледаат убаво и да смислат по неколку реченици, го именуваат воедно и куто со име. Потоа истото го правам и со останатите слики. Потоа им поставувам барање да раскажат целосно приказната почнува еден па друг се надоврзува се до крајот.

* Дневна подготовка (линк)




Пребарување

Flag Counter

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела 2.5 Македонија.

Follow Nella's board ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА on Pinterest.
Календар
«  November 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930




Нашето ЕКО катче




едукативно забавни
ликови












Copyright MyCorp © 2024
Website builderuCoz