Нашата училница
Една соба многу тајни крие.... тоа е нашата училница во која времетео ни е исполнето со смеа, радост, среќа, песна, игра, грижа за неа.. и уште многу нешта.Пред да влезете и да ја отворите вртатата на нашата училница прочитајте го нашиот рецепт за успешен почеток на оваа учебна година.
За овој рецепт потребно е:
1 лажица НАПОРНА РАБОТА
2 лажици ЗАБАВА И ДРУГАРУВАЊЕ
1 лажица ЕНТУЗИЈАЗАМ
1 лажица КРЕАТИВНОСТ
1 лажица КОМУНИКАЦИЈА
1 лажица СОРАБОТКА
ПОДГОТОВКА: Сите состојки заедно се мешаат
Пред неа ќе ја забележите и огласната табла на која се поставени распоредот на часови, плановите за дополнителна и додатна настава и информации со кои навремено ги известуваме нашите родители.
Сега преку многу наши фотографии ќе ве водиме на една изложба, каде ќе ја запознаете нашата весела училница. Секој во неа се грижи за чистотата, внимаваме да не фрламе отпадоци насекаде, освен во корпата за отпадоци, се грижиме за цвеќињата со нивно навремено полевање, ѓубрење и засадување нови.
Се грижиме за нашите компјутери, светлосната енергија, за распределбата на прибор и материјали. Ние сме организирани во тимови за грижата на училницата, тие ротираат еднаш неделно. Тука се и нашите правила за кои се договоривме и се трудиме секојдневно да ги применуваме во нашето однесување.
Секојдневно го негуваме нашето пријателство со меѓусебно помагање, соработка, дружење, играње, пеење, работа во групи, тимови... Си имаме и дванаесет совети како да задржиме пријател и содадеме нови пријателства.
Се трудиме да ја збогатиме нашата училница со многу наши трудови, изработки од активности, цртежи...