Наставна содржина: Собирање до милион
Цели на часот:
- Да собира и одзема броеви до милион со регрупирање
- Во група да изготвува со дадени манипулативи (блок-коцки, домино, пари) фигура по своја замисла
- Да соработува со членовите од групата и заедно да пресметаат колку пари, блокови и домина употребиле за да ја изготвата фигурата
- Да презентира што добиле како резултат и да се оценат како работеле и соработувале во групата
Во воведниот дел на часот заедно со учениците (фронтално) се потсетуваме на собирањето и одземањето до милион со регрупирање.
Во главниот дел на часот учениците беа поделени на четри групи:
Првата група имаа задолжение да изготват фигура од манипулативи (пари), и да го најдат збирот на употребените манипулативи од изготвената фигура.
Втората група имаа задолжение од блок- коцки да изготват фигура и да го најдат збирот на употрбените блок-коцки.
Третата група имаше за задача од домино да изготват и да го пресметаат збирот.
Четврта група имаше задача да собира парови на дадени броеви чии збир ќе биде поголем од 200 000.
Во завршниот дел од часот учениците ги презентираа своите добиени резултати, за потоа да се оценуваат за нивната соработка во групата.
За да го преземете работниот лист за евлуација за соработување во група кликнете на следниот линк.