Во воведниот дел им задавам задача да откријат со кого се
во пар, а потоа и на која група припаѓаат и да си изберат лидер на групата. Ја откривам целта на часовите и им ги
кажувам очекувањата кои треба да ги постигнат.Објаснувам каде се наоѓа и како се
пополнува работниот лист1(линк) преку LCD проектор по мое барање паровите усно
треба да ги споделат решенијата.Нивните решенија ги оценувам со усна повратна информација (линк).
Во главниот дел им задавам напатствија за да го изработат работниот лист2(линк) во групи (во табела да ги одредат должината и ширината на просториите и плоштините и да изготват и дизајнираат план на куќа во мрежа од квадратчиња(200 квадратчиња) со шест различно обоени соби. Ја следам нивната работа покажувам, помагам и ја оценувам преку чек листа. Го презентирам WebQuest-от преку LCD проектор и платно.Им помагам во работата на компјутер според барањата и прашањата поставени од учениците, објаснувам, покажувам, ја следам нивната работа, ја оценувам нивната практична работа со помош на холастичка листа (линк).
Во завршниот делпоминувам покрај групите и на USB ги става нивните изработки ( изработените презентации), а потоа ги поврзувам преку проекторот и давам задолжение секој лидер да ја презентира нивната изработка (да го читаат текстот, да објаснат како се вметнати геометриските фигури,специјален знак, сликите и текстот, подлогата на слајдовите и како е зачуван документот на работната површина). Го следам и оценувам презентирањето преку методот усни презентации, а со помош на чек листа(линк). Организирам избор на најубаво изработена презентација ( со убав дизајн, правилно вметнати слики и текст, точно напишана содржина ). Прогласуваме победници со најубава презентација.
*Дневна подготовка (линк)