Vesela ucilnica-Doma veselaucilnica - Парови на броеви до 10 - I одд.Vesela ucilnica-Doma Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS




СОДРЖИНИ

Посетители

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Модератор и креатор
на Web-страната
одд. наставник



Контакт



едукативно забавни страни






E is for Explore!



”Love

Парови на броеви до 10

 

Математика два часа во интеграција со физичко и здравствено образование

Цели и очекувани резултати: Да ги открие и запише паровите броеви до 10 со помош на табела десет, бројна оска и рамка дел по дел, цело; Да ги спореди паровите на броеви 1 и 9 , 9 и 1 итн. (комутативно својство кај собирањето).

Воведните активности ги започнавме со редење во редица и колона, се редвме во една, две три и четири редици, потоа се редевме исто така и во колони кога се наредивме во две редици секој требаше да се фати за раце со соседното другарче од другата колона за да дојдеме до поимот „пар“, објаснувајќи им на учениците дека сега секој си има свое другрче кое му е пар. Откако завршивме со активностите по физичко и здравствено образование, игравме игра „Шарени парови чорапчиња“. На дечињата им ги покажав изготвените шарени чорапчиња од листови во боја со испишани броеви од 1 до 9, мене ми требаа вкупно дваесет примероци, бидејќи имам 19 дечиња. За да ја изиграме играта прво правевме парови десетки со помош на рамка десет, со прстите на рацете и со бројна оска. Бидејќи дечињата беа многу нестрпливи сакаа што побрзо да ја почнеме играта, им ги објаснив правилата, секој ученик доби по едно чорапче со влечење и негова задача беше да си го најде својот пар за заедно со своето другарче да направат една десетка.

 

 

Ги поделив учениците на две групи следеа две активности кои требаа да ги направат со ротирање откако секој ученик ќе биде учесник во дадената активноста, а сите останати треба да му помагаат за правилно да ја изврши задачата. Првата активност беше повторно игра со чорапчиња, за неа изготвив шаблон две чорапчиња од ребраста хартија и на нив им залепив стикери срценца, еден овал од ребраста хартија на него залепив стикер цвет со запишан број 10, потоа ги ставив на клупа и врз шаблоните ставив проѕирен најлон од страните го залепив со селотејп за да можат на него да пишуваат со фломастери. На учениците им беше дадена коцка изготвена од картонска кутија, обложена со фоам, на него залепени броеви од 1 до 6. Секој од учениците требаше да ја фрли еднаш коцката да го запише бројот на едното срце од чорапчето што му се паднал при вртењето, а потоа со помош на рамката десет да го пронајде другиот број за да добие десет. 

  

 

 

Во втората активност учениците имаа за задача во рамка од 10 x 10 квадратчиња да наредат квадратчиња со две бои во нашиот случај потокалови и зелени, во првиот ред наредивме десет зелени, потоа девет зелени и едно портокалово, осум зелени и две портокалови итн. се до крајот на редовите, додека ги редеа квдратчињата, еден од групата запишува на мала табла во две колони, првата колона зелени квадратчиња и втора колона портокалови квадратчиња, во колоните го запишува бројот на зелени и потокалови квадрачиња, на овој начин многу брзо ги пронајдоа паровите на бројот 10, но и  дознавме дека иако два броја си ги сменат местата повторно имаме збир десет.

 

 

 

Трета активност беше  формирање парови броеви до 10 со шаблони на јаболки и лисје, на шаблоните од јаболка има 10 семки ископирани во црвена боја на листови, на лисјето броевите од 0 до 10 со броеви и точки со зелена боја на листови. На јаболката им додававме по две лисје со парови броеви до десет, бројот на точките на лисјето го поврзувавме со симболот на даденото количество точки, најинтересно им беше кога требаше да формираат пар на бројот десет и нула бидејќи кај нулата немаше точки. тоа некои дечиња го објаснија со оревчиња, ако во едната рака имам десет оревчиња, а во другата ништо кога заедно ќе ги спојам ќе имам десет. 

 

 

Четврта активност делевме јаболка на десет дела, и со парчињата јаболка формиравме парови броеви до 10 со помош на рамката дел по дел, цело, последната активност ни беше работа во наставен лист за утврдување на нашите знаења од досегашните активности.

 

Шаблоните со јаболки и чорапчиња може да ги превземете подолу

 



Пребарување

Flag Counter

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела 2.5 Македонија.

Follow Nella's board ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА on Pinterest.
Календар
«  December 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031




Нашето ЕКО катче




едукативно забавни
ликови












Copyright MyCorp © 2024
Website builderuCoz