#Втора Едуконференција 2016
На 1ви, 2 ри и 3ти април во хотел „Дрим“, Струга се одржа втората Едуконференција за наставници и информатичари 2016, во организација на Здружението Пријатели на образованието.Конференцијата е наменета за наставници, информатичари, студенти и има за цел да помогне во развивањето и подобрувањето на организациските и комуникативните методско дидактички способности. На конференцијата учествував со своја презентација, која имаше за цел како ИКТ технологијата да биде дел од училницата на многу едноставен и лесен начин. Во нашата училница веќе подолг период значајно место има QR - кодот, како забавен, креативен и интересен начин за изучување на многу содржини во сите предметни подрачја.
Мојата презентација „QR код во одделенска настава“
Дел од атмосферата на втората Едуконференција 2016
Материјали кои може да се употребат во наставата