Математика со размислување
На учениците најмногу им се допадна активноста во завршниот дел кога изведуваа игри со собирање и одземање во ред и кола бидејќи работеа во групи и секој придонесуваше неговата група да има најмногу точно решени задачи за да бидат победници.
ВОВЕДЕН ДЕЛ: Ја откривам целта на часот, и ги запознавам со играта „Борба за цифри„(линк) во која ги изговараат и откриваат низа на броеви кои се поставени изнешано во табела од 6x4.
Именувам двајца ученици за да застанат пред табелите (прикажани подолу). На мој знак тие почнуваат да бројат од 99 до 122, по ред. Секој треба да го именува гласно бројот, воедно треба да го најде во табела и да го прецрта или обележи со молив. Победник е оној кој прв ќе ги обележи залепените броеви од табелата.
ГЛАВЕН ДЕЛ: Учениците ги делам во парови и ја објаснувам активноста, која треба да ја изготват во работниот лист 1(линк) учениците треба да ги пополнат празните квадратчиња од деловите од табела 10x10, потоа самите да направат проверка , за да откријат каде направиле грешка, и се оценуваат со бодовна листа и боење на крукчиња во три бои: црвена, жолта и зелена.
Следи друга активност која ја работат во парови работен лист бр.2(линк) во која, во табели 3x3 и 4x4 собираат броеви до 1000 во ред и во колона и ги откриваат односите во собирањето и да дадат свои образложенија.
ЗАВРШЕН ДЕЛ:Во завршниот дел на учениците им објаснувам игра „Собери повеќе"(линк) со табела 6x6 во која треба да пресметуваат збир и разлика. Секој ученик си бира свој ред и колона. Еден ученик ги фрла коцките (пр. Добива број 3 и 4 треба да брои во редот три места и го запишува бројот и исто го прави со колоната на двата добиени броја го наоѓа збирот. Победник е онаа група која ќе има најмногу точни решенија.
На крајот од часот преку прашања учениците ги искажуваа своите размислувања за сите активности кои беа реализирани на часот. Како се чувствував додека работев на часот? Кои задачи најдобро ги разбрав и ги решив? Кои задачи ми беа тешки за решавање и не ги разбрав? Која активност ми беше најинтересна и забавна додека работев?