тема: Јас сум дел од природата
Запознавање со околината
Воведниот дел започнува со игровна активност „Пипни нешто" и ги објаснувам правилата на играта.Ја откривам целта на часот и им ги кажувам очекувањата кои треба да ги постигнат.
2.Игра „Откриваме со сетилата за слух" ги потикнувам да ги откријат звуците од ѕвончето и свирчето, шумовите од хартијата и кесата кои не ги гледаат, поставувам поттикнувачки прашања за следената активност.
3.Игра „Откриваме со сетилото за мирис" ги поттикнувам да ги откријат супстанците од оцет, вода и портокал кои се во затворени теклички со отвор, поставувам поттикнувачки прашања за следената активност.
4.Игра „Откриваме со сетилото за вкус" ги поттикнувам да разговараат за вкусовите на плодовите од јаболко, банана и цитрон.
5.Игра „Откриваме со сетилото за допир" ги поттикнувам да ги откријат предмети од црната вреќичка со допир, поставувам поттикнувачки прашања за следената активност.
Одговорите на поставените прашања и заклучоци се оценуваат со помош на усна повратна информација.
Потоа им вртам презентација за „Моите сетила„ преку која им демонстрирам слики со сетилните органи и ја објаснувам нивната улога.
Им ги покажувам сликите со предметите, кутиите (означени со сетилните органи) и задавам задолжение да ги разгледаат сликите и да ги класифицираат во групи и да ги стават во кутиите со дадениот нивни редослед, ги оценува со холистичка листа.
Во завршниот дел го демонстрирам и објаснувам работниот лист кои учениците треба да го изработат во компјутер (работат во парови).Им помагам во работата на компјутер според барањата и прашањата поставени од учениците, објаснувам, покажувам, ја следам нивната работа, ја оценувам нивната практична работа со помош на чек листа.На USB ставам дел од нивните изработки, а потоа ги поврзувам преку проекторот и давам задолжение да ја презентира нивната изработка.
Изготвени материјали кои може да ги превземете на следните линкови:
*Дневна подготовка
*Работен лист изготвен на компјутер за проверка на учениците
*Холистичка листа за оценување на учениците
*Чек листа за оценување на учениците
*Презентација за часот (преку slideshare може да ја превземете подолу во прозорецот)