Vesela ucilnica-Doma veselaucilnica - ПРОЕКТ „Мултикултурна вртелешка“Vesela ucilnica-Doma Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS




СОДРЖИНИ

Посетители

Total online: 2
Guests: 2
Users: 0

Модератор и креатор
на Web-страната
одд. наставник



Контакт



едукативно забавни страни






E is for Explore!



”Love

Меѓуодделенски проект „МУЛТИКУЛТУРНА ВРТЕЛЕШКА“

2016 / 2017

Се прашуваме...

Како може да се запознаеме со нови, замислени другарчиња од други земји, со нивната култура, традиција и обичаи?

ЦЕЛИ:

Да ги објаснуваат поимите култура, обичаи, традиција

Учениците да ги осознаат и разберат различностите помеѓу народите

Да се запознаат со нови култури, традиции, верувања и обичаи

Да ги прошират видиците, да создадат сопствен поглед на светот

Да развијат способност на сочуство со другите (отстранување на предрасуди)

Да равиваат отворен и толерантен дух

Да се ориентираат на картата на светот

Елементи на проектот (краток опис)

Учениците ќе бидат во улога на патници, преку бура на идеи ќе учиме нови поими за збогатување на нивниот вокабулар, со поттикнувачки прашања од страна на наставникот ќе се спремаат за далечен пат на повеќе континенти, ќе изготвуваат свои куфери со сувенири и пасоши, ќе се запознаваат со држави од различни континенти преку различни активности со читање и обработка на текстови, игри, зборови, празници, храна, градби, облека, обичаи, животни, музички инструменти, превозни средства, јазик, спорт, песни карактеристични за државата. Во текот на цела седмица ќе се изведуваат активности (работилници)поврзани со една земја од некој континент, со примена на различни методи, техники и стратегии.

Ресурси: книги, презентации, видео материјали, работни листови, прибор, хамер, хартија во боја, слики, предмети

Линкови: 

https://www.pinterest.com/pin/436919601322521033/http:

/www.symbaloo.com/mix/explor-a-worldcultures

Меѓупредметна интеграција: Македонски јазик, општество, ликовно образование, музичко образование и физичко и здравствено образование

Вештини: Комуникациски, колаборативни, истражувачки, социјални и презентациски.

Временска рамка: Од ноември 2016 до април 2017

Материјални артефакти (Што учениците ќе изготват за да го направат нивното учење видливо) креирање на куфер и пасош за патување, креирање на сувенири, извештаи од патувања, брошури.

Публика (Учениците ја претставуваат својата работа пред поширока публика) Проектот ќе биде презентиран на пошироката публика пред учениците, родителите, колеги од моето училиште.



Пребарување

Flag Counter

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела 2.5 Македонија.

Follow Nella's board ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА on Pinterest.
Календар
«  December 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031




Нашето ЕКО катче




едукативно забавни
ликови












Copyright MyCorp © 2024
Website builderuCoz