Vesela ucilnica-Doma veselaucilnica - Интегриран активен ден „Мојата игра“ II одд.Vesela ucilnica-Doma Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS




СОДРЖИНИ

Посетители

Total online: 4
Guests: 4
Users: 0

Модератор и креатор
на Web-страната
одд. наставник



Контакт



едукативно забавни страни






E is for Explore!



”Love
Интегриран активен ден „МОЈАТА ИГРА"


Интегрирани содржини и предмети: Утврдување за парни и непарни броеви и броеви од првата и втората десетка (математика), Именки (македонски јазик), Плоштина на разновидни линии (Ликовно образование), Потскокнување на една нога (физичко и здравствено образование).
Дел од активностите се изведуваат во училница и во училишниот двор, најинтересна активност за учениците беше креирањето на игра според дадени упатства со нестандарден материјали и нејзината изведба во групи.

Денот го  започнувам со игровна активност „Плесни со рацете" и ги објаснувам правилата на играта. Задавам задача да откријат со кого се во група и да си изберат лидер на групата. Ја откривам целта на часот и им ги кажувам очекувањата кои треба да ги постигнат.



   

 Учениците ги утврдуваат своите знаења за парни и непарни броеви и броеви од првата и втората десетка и именки, преку различни активности.
1.Им ја објаснувам активноста во која треба да ги определат парните и непарните броеви, броевите од првата и втората десетка и геометриските фигури според боја во соодветните кутии.


 



2.Им задавам активност да креираат игра со помош на дадениот материјал и им ги објаснувам упатствата за работа со помош на презентација.

 

Им помагам во работата на изработките според барањата и прашањата поставени од учениците, објаснувам, покажувам, ја следам нивната работа, ја оценувам нивната практична работа со помош на чек листа.

   

 

3.Ги демонстрирам нивните изработки и давам задолжение да ги објаснат.

  

4.Им задавам задолжение да ги изведат игровните активности од креираните игри во групи.

 

 

5.Излегуваме во училишниот двор и им давам напатствија на секоја група да ја нацртаат играта „Плочка" со десет полиња и во секое поле да имаат напишано именки за лица прва група, втора група именки за предмети, трета група именки за животни и четврта група именки за растенија и ги изведуваат игровните активности.

 




На крајот од денот водиме разговор им поставувам прашања:

-Што правевме денес?

-Како се чувствувавте?

-Кога ви беше најинтересно? Зошто?

-Што ви беше најтешко? Зошто?

Да превземете некои материјали за часот на следниве линкови

*Дневна подготовка

*Чек листа за оценување на учениците

Презентација може да превземете на slideshare (подолу дадена во прозорецот)


мојата игра from Nella S Nikovska


Видео запис од активностите на денот




Пребарување

Flag Counter

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела 2.5 Македонија.

Follow Nella's board ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА on Pinterest.
Календар
«  November 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930




Нашето ЕКО катче




едукативно забавни
ликови












Copyright MyCorp © 2024
Website builderuCoz