Vesela ucilnica-Doma veselaucilnica - Комуникацијата како вештинаVesela ucilnica-Doma Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS




СОДРЖИНИ

Посетители

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Модератор и креатор
на Web-страната
одд. наставник



Контакт



едукативно забавни страни






E is for Explore!



”Love
Коминикацијата како вештина во воспитно-образовниот процес


Една од најбитните елементи за воспоставување на дијалошка  релација дете-дете; возрасен - дете е комуникацијата. разговорот подразбира размена на зборови, идеи, чувства, коминикацијата е она што го кажуваме и како го кажуваме. За да се воспостави добра коминикација многу е важна интеракцијата помеѓу возрасен- дете. Честопати малите деца не се свесни за своите чувства, но и кога се свесни за постоење на чувството среќа, радост, љубов, честопати не се свесни што довело до конкретната активност. затоа треба да се работи, односно да им се помага да ги препознаат, идентификуваат своите чувства и да донесат одлука како со нив да се справат. Еден од можните начини за да станата свесни за нивните чувства е рефлексното слушање.

Еве некои методи:
1. Воспоставување контакт со очите (концентрирано внимание). Концнтрираното внимание  го тера детето да се чувствува како најважната личност на светот во очите на возрасните. Воспоставување контакт со очите значи „стави го своето тело во позиција која ќе покаже дека слушаш". Значи ако нивото на погледот на детето е во висина на твоите колена или половина, треба да чучнеш, клекнеш или седнеш. Во тој момент ниедна работа не важна освен концентрираното внимание кон детето.
2.Слушај и определувај ги чувствата. Следи по слушањето со полно внимание и се запрашуваш кои се чувствата. Тие се зборови, емоционални состојби, треба да се опишат.
3. Назначи ги чувствата - користи реченици во кои има зборови што означуваат чувства.
пр. Жал ти е што Петар го боли стомакот.
Среќен си што кучето сака да игра со тебе.
Тажен си што Миа ти го зема мечето.
Рефлективното слушање е најефикасно кога детето чувствува и покажува јасни и силни емоции не земајчи во предвид дали тоа се позитивни или негативни. Но во рефлективното слушање се слушува да мораш и да се спротивставиш на детската желба. Знам дека ти убаво да си играш надвор, но време е да си легнеш. Постојат грешки кои се применуваат во рефлексното слушање, кои треба да се отстранат. Никогаш не започнувај вербална борба со детето. Не прифаќај вербална злоупотреба. На детето треба да му се призне што може, а што не може да прави- ако моментот не поволен треба веднаш да му се укаже на детето. Целта на рефлексното слушање е да се прошири детската свесност за себе си и прифаќањето на сопствените чувства. Ти-пораките кои бламираат, критизираат или му даваат на возрасниот прилика да се „издува" претставуваат напад и осуда врз детето. Тогаш тоа се чувствува безвредно, безпомошно, често сака и понатаму да се бори или се повлекува во себе. Конечниот резултат на оваа грешка т.е. погрешната употреба на ти-пораките ќе биде обесхрабрено дете со ниска самодоверба.





Пребарување

Flag Counter

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела 2.5 Македонија.

Follow Nella's board ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА on Pinterest.
Календар
«  November 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930




Нашето ЕКО катче




едукативно забавни
ликови












Copyright MyCorp © 2024
Website builderuCoz