Vesela ucilnica-Doma veselaucilnica - ПРОЕКТ „Мултикултурна вртелешка“ Прва дестинација ГрцијаVesela ucilnica-Doma Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS




СОДРЖИНИ

Посетители

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Модератор и креатор
на Web-страната
одд. наставник



Контакт



едукативно забавни страни






E is for Explore!



”Love

Нашето прво замислено патување до Грција

Наши активности на картата на Европа

 

Сите заедно решивме да патуваме на картата на светот, но нашата прва дестинација да биде соседната држава Грција, прво дознавме дека Грција се наоѓа на континентот Европа, ја заплискуваат три мориња Егејско Море, Јонско Море и Средоземно Море, во кои има преку 400 острови. Главен град е Атина. Сината боја на грчкото знаме го симболизира морето и небото, а белата боја, чистотата на борбата за слобода. Крстот во аголот е знак на грчката вера, а деветте линии ги означуваат деветте слога во повикот од времето на војната за независност.

Активност 1* Изготовка на автобуска карта и знамето на Грција

 

 

Активност 2* Учење на грчки зборови

ЈАСУ - Здраво

КАЛИМЕРА - Добар ден

ЕФХАРИСТО - Благодарам

Активност 3* Организирање на ОЛИМПИСКИ ИГРИ (натпревар), читање на грчката легенда, објаснување за знакот на Олимписките игри, разговор за богот Зевс, изработка на олимписки оган од хартија

Според грчката легенда, Зевс од планината Олимп им испратил на Грците светлосна стрела, за да го обележи и покаже местото каде што тие треба да го почитуваат и обожаваат. Тоа место се вока Олимпија. Таму Грците за него изградиле клада и олтар. Но, неможејќи да решат кој прв ќе го запали огнот, решиле да одржат натпревар во трчање. Така во 776г. пр.н. е. започнале Олимписките игри, кои се одржувале секоја четврта година. За време на игрите никој не работел и не војувал. Подоцна Римјаните ги укинале Олимписките игри, но тие се обновиле во 1896 година и се одржуваат и денес, секоја четврта година во различни градови од светот.

Натпревар во носење на јаболка на глава

 

 

# Натпревар во носење чаши полни со вода

 

 

#Изготовка на медали

# Поделба на медали за освоено прво, второ и трето место

 

 

# Изготовка на Олимписки оган

 

 

 

Активност 4* Играње на стара грчка игра ПАР - НЕПАР

Едноставна игра на погодување. Целта на играта е погодување, дали играчот во рака држи парен или непарен број на зрна грав. Потребно е пет-шест зрна грав за секој играч. Првиот играч треба да сокире неколку зрна грав во раката и го прашува противникот: Пар или непар? Противникот погодува, а играчот мора да ја отвори шепата и да покаже колку зрна има во раката. Ако противникот погодил, играчот мора да му даде едно зрно грав. Ако погрешил тогаш тој треба да му даде на играчот зрно грав. Играта завршува се додоека еден од играчите остане без сите зрна грав во раката. Ние играта ја игравме со макарони.

 

 

Активност 5* Обработка на басна од Езоп „Лавот, волкот и лисицата“



Пребарување

Flag Counter

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела 2.5 Македонија.

Follow Nella's board ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА on Pinterest.
Календар
«  May 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031




Нашето ЕКО катче




едукативно забавни
ликови












Copyright MyCorp © 2024
Website builderuCoz