Vesela ucilnica-Doma veselaucilnica - Зима дојде, а во неа...Vesela ucilnica-Doma Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS




СОДРЖИНИ

Посетители

Total online: 2
Guests: 2
Users: 0

Модератор и креатор
на Web-страната
одд. наставник



Контакт



едукативно забавни страни






E is for Explore!



”Love
 
Зима дојде, снежец снежи

 

Ах, ние децата! Зошто и се радуваме на таа бела кралица! ЗИМАТА!! Се разбира ни го носи белиот снег, а со него, што можеме!? Па, можеме да го фатиме со нашите детски рачиња да го стиснеме силно во нив и ете ја снежната топка, да легнеме во снегот, ете ја нашата снежна слика, да го почуствуваме вкусот и мирисот на снегот. И нешто најмногу што го сакаме да го направиме  Снешко да му ставиме едно тенџерче или капа, шалче, морковче, камчиња, гранче, да се радуваме и да пееме покрај него, но најмногу ќе се радуваме ако го зачуваме до пролет. Дали тоа ќе се случи ќе видиме кога ќе пристигне пролетта, може ќе смислиме до тогаш нешто.
Што уште ни носи зимата? Па, тука е пречекот на Новата година, пеењето на коледарските песни и големиот христијански празник Божиќ. Посакавме многу желби да ни се исполнат во Новата година, но си дадовме и ветувања за поуспешна, повесела, среќна и разиграна година првенствено на себе си, своите родители и наставници.Ќе се трудиме да ги исполниме бидејќи тоа што го ветивме треба да го исполниме, ги запишавме на ливчиња и си ги ставивме во дизајнираните теглички за желби и ветувања. Упс!!! Нешто ќе заборавивме,  нашиот мил сакан дедо со бела брада и мустаќи, кој носи црвено палто и панталони со бели краеви, црн колан и чизми. Нашиот сакан Дедо Мраз, исполнителот на детските желби, кој се појавува во секој дом и ги носи подароците со неговите помошници, џуџињата и осумте ирваси. Се обидовме преку интернет да ја најдеме неговата адреса и  му ги  напишавме нашите пораки со желби. Можете и Вие тоа да го сторите на оваа интернет страна, само кликнете на сликата.

А, сега видете, што се изготвивме и направивме за да ја украсиме и пречекаме Новата година во нашата училница.
 
 
Новогодишни теглички со желби и ветувања
 
Што ни беше потребно:
*две тегли
*хартија во боја (креп)
*лепак
*ножички
 
Хартијата ја сецкаме на помали делови, нанесуваме лепак на тегличките и ја лепиме хартијата. Изготвуваме натписи за тегличките, едниот натпис ќе се однесува на нашите желби, а другиот за нашите ветувања. Потоа сите ученици на помали ливчиња ги запишуваме нашите желби и ветување и ги ставаме во соодветните обележани теглички и ги затвораме тегличките. Тегличките ги отвараме по зимскиот распуст за да видиме дали некоја од  желбите ни се исполнила или ќе ни се исполни до крајот на годината,а потоа ги читаме и нашите ветувања кои треба да ги оствариме оваа учебна година.
 


Изготовка на мрежни лампиони од волница


Потребни материјали:
*волница
*балони
Рецепт за подготовка на смеса за изготовка на лампиони
4 лажици брашно
2 лажици шеќер
250 мл топла вода
Сите состојки се мешаат заедно. Волницата се натопува во смесата дел по дел и се обвиткува  балонот, кој претходно бил надуван, потоа сето тоа се остава да се суши на топло еден ден, наредниот ден балон се издишува и се вади од добиениот мрешен лампион, може да се испрска со сребрен или златен спреј или се декорира и на други начини според ваша замисла и креација.
 
 
 

 

 
Изготовка на украсна завеса
 
Што  е потребно:
*забен конец
* колаж- хартија или друга украсна хартија
*лепак
*ножици
Од колаж хартијата сечеме најразлични облици, може и снегулки во пар со иста големина ги обложуваме  со лепак двете фигури, и ги лепиме заедно во средина(помеѓу нив) да биде конецот. Должината на конецот ја определуваме сами,  исто така и растојанието помеѓу поставените фигурите на конецот.
 
 
 


Пребарување

Flag Counter

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела 2.5 Македонија.

Follow Nella's board ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА on Pinterest.
Календар
«  December 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031




Нашето ЕКО катче




едукативно забавни
ликови












Copyright MyCorp © 2024
Website builderuCoz