Vesela ucilnica-Doma veselaucilnica - Моите сетила - Запознавање со околината IIодд.Vesela ucilnica-Doma Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS




СОДРЖИНИ

Посетители

Total online: 3
Guests: 3
Users: 0

Модератор и креатор
на Web-страната
одд. наставник



Контакт



едукативно забавни страни






E is for Explore!



”Love

МОИТЕ СЕТИЛА
тема: Јас сум дел од природата
Запознавање со околината




Сите активности се изведени во училница, каде учениците, на многу интересен и забавен начин преку истражувачки игри ги откриваат сетилата (допир, мирис, вкус, вид и слух). Во продолжение детално се опишани.
 
Воведниот дел започнува со игровна активност „Пипни нешто" и ги објаснувам правилата на играта.Ја откривам целта на часот и им ги кажувам очекувањата кои треба да ги постигнат.



 

 
Во главниот дел се изведуваат истражувачките игри преку кои ги откриваат сетилата.
1.Игра „Откриваме со сетилата за вид" ги потикнувам на активност ( двајца ученика разговараат на телефон едниот го опишува листот од јоргован со сетилото за вид) поставувам поттикнувачки прашања за следената активност.

 

2.Игра „Откриваме со сетилата за слух" ги потикнувам да ги откријат звуците од ѕвончето и свирчето,  шумовите од хартијата и кесата кои не ги гледаат, поставувам поттикнувачки прашања за следената активност.

 

3.Игра „Откриваме со сетилото за мирис" ги поттикнувам да ги откријат супстанците од оцет, вода и портокал кои се во затворени теклички со отвор, поставувам поттикнувачки прашања за следената активност.

 

4.Игра „Откриваме со сетилото за вкус" ги поттикнувам да разговараат за вкусовите на плодовите од јаболко, банана и цитрон.

 

5.Игра „Откриваме со сетилото за допир" ги поттикнувам да ги откријат предмети од црната вреќичка со допир, поставувам поттикнувачки прашања за следената активност.

 

Одговорите на поставените прашања и заклучоци се оценуваат со помош на усна повратна информација.

Потоа им вртам презентација за „Моите сетила„ преку која им демонстрирам слики со сетилните органи и ја објаснувам нивната улога.

 

Им ги покажувам сликите со предметите, кутиите (означени со сетилните органи) и задавам задолжение да ги разгледаат сликите и да ги класифицираат во групи и да ги стават во кутиите со дадениот нивни редослед, ги оценува со холистичка листа.

 


 

Во завршниот дел го демонстрирам и објаснувам работниот лист кои учениците треба да го изработат во компјутер (работат во парови).Им помагам во работата на компјутер според барањата и прашањата поставени од учениците, објаснувам, покажувам, ја следам нивната работа, ја оценувам нивната практична работа со помош на чек листа.На USB ставам  дел од нивните изработки, а потоа ги поврзувам преку проекторот и давам задолжение  да ја презентира нивната изработка.

 





Изготвени материјали кои може да ги превземете на следните линкови:

*Дневна подготовка

*Работен лист изготвен на компјутер за проверка на учениците

*Холистичка листа за оценување на учениците

*Чек листа за оценување на учениците

*Презентација за часот (преку slideshare може да ја превземете подолу во прозорецот)





Пребарување

Flag Counter

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела 2.5 Македонија.

Follow Nella's board ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА on Pinterest.
Календар
«  December 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031




Нашето ЕКО катче




едукативно забавни
ликови












Copyright MyCorp © 2024
Website builderuCoz