Vesela ucilnica-Doma veselaucilnica - Математика со размислување во IV1 одд.Vesela ucilnica-Doma Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS




СОДРЖИНИ

Посетители

Total online: 4
Guests: 4
Users: 0

Модератор и креатор
на Web-страната
одд. наставник



Контакт



едукативно забавни страни






E is for Explore!



”Love


Математика со размислување

наставна содржина:Низа на броеви, собирање броеви со премин  до 1000 - повторување


Сите активности се изведуваат во училница.
На учениците најмногу им се допадна активноста во завршниот дел кога изведуваа игри со собирање и одземање во ред и кола бидејќи работеа во групи и секој придонесуваше неговата група да има најмногу точно решени задачи за да бидат победници.

ВОВЕДЕН ДЕЛ: Ја откривам целта на часот, и ги запознавам со играта „Борба за цифри„(линк) во која ги изговараат и откриваат низа на броеви кои се поставени изнешано во табела од 6x4.

Именувам двајца ученици за да застанат пред табелите (прикажани подолу). На мој знак тие почнуваат да бројат од 99 до 122, по ред. Секој треба да го именува гласно бројот, воедно треба да го најде во табела и да го прецрта или обележи со молив. Победник е оној кој прв ќе ги обележи залепените броеви од табелата.

 



ГЛАВЕН ДЕЛ: Учениците ги делам во парови и ја објаснувам активноста, која треба да ја изготват во работниот лист 1(линк) учениците треба да ги пополнат празните квадратчиња од деловите од табела 10x10, потоа самите да направат проверка , за да откријат каде направиле грешка, и се оценуваат со бодовна листа и боење на крукчиња во три бои: црвена, жолта и зелена.

 




Следи  друга активност која ја работат во парови работен лист бр.2(линк) во која, во табели 3x3 и 4x4 собираат броеви до 1000 во ред и во колона и ги откриваат  односите во собирањето и да дадат свои образложенија.

 

 

ЗАВРШЕН ДЕЛ:Во завршниот дел на учениците им објаснувам игра „Собери повеќе"(линк) со табела 6x6 во која треба да пресметуваат збир и разлика. Секој ученик си бира свој ред и колона. Еден ученик ги фрла коцките (пр. Добива број 3 и 4 треба да брои во редот три места и го запишува бројот и исто го прави со колоната на двата добиени броја го наоѓа збирот. Победник е онаа група која ќе има најмногу точни решенија.

 


 

На крајот од часот преку прашања учениците ги искажуваа своите размислувања за сите активности кои беа реализирани на часот. Како се чувствував додека работев на часот? Кои задачи најдобро ги разбрав и ги решив? Кои задачи ми беа тешки за решавање и не ги разбрав? Која активност ми беше најинтересна и забавна додека работев? 




Материјали изготвени од наставникот за реализација на часот

Видео запис од часот


Изготвена презентација на slideshare од каде може и да ја превземете





Пребарување

Flag Counter

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела 2.5 Македонија.

Follow Nella's board ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА on Pinterest.
Календар
«  December 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031




Нашето ЕКО катче




едукативно забавни
ликови












Copyright MyCorp © 2024
Website builderuCoz