Vesela ucilnica-Doma veselaucilnica - „Големата лага“- следење на цртан филм IIодд.Vesela ucilnica-Doma Vesela ucilnica-Doma
Logged in as Guest | Group "Guests"Welcome Guest | RSS




СОДРЖИНИ

Посетители

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Модератор и креатор
на Web-страната
одд. наставник



Контакт



едукативно забавни страни






E is for Explore!



”Love

Македонски јазик
тема: Медиумска култура
Следење на цртан филм „Големата лага"-Ноди


Сите активности за реализација на овој час се изведени во училница, со користење на детските лаптопи. Додека го следеа цртаниот филм учениците беа целосно насочени кон неговата содржина, бидејќи визуелно го восприемаа, сето тоа ќе го погледнете низ нашите активности кои ќе следат сега:
Во воведниот делод часот учениците се запознаваат со игровната активност „Две реченици за мене", во која еден ученик кажува две реченици едната од нив е лажна, а другата вистинита, за него, другите ученици ја откриваат неговата лажна реченица и разговараат за нив.



 

 

Во главниот дел поставувам прашања за поимот цртан филм, го објаснувам и го дефинирам поимот. Го најавувам насловот на цртаниот филм кој што ќе го следат и поставувам прашање  (Што очекуваат да видат во цртаниот филм според неговиот наслов?) Го пуштам филмот и им задавам задача внимателно да го следат текот на настаните. Следи емоционално-интелектуална пауза, средување на доживувањата од гледаниот цртан филм.Поставувам поттикнувачки прашања за нивните доживувања и чувства од следениот филм. Одговорите на поставените прашања и заклучоци се оценуваат со помош на усна повратна информација. Им вртам презентација со слики од цртаниот со кои се редоследно подредени и задавам задача да се состават реченици, потоа и некој накратко да го раскаже цртаниот филм. Раскажувањето на филмската приказна според слики (фремови) се оценува со чек листа. Поставувувам прашања за главниот лик и неговите карактеристики и за содржината на цртаниот филм.Одговорите на поставените прашања и заклучоци се оценуваат со помош на чек листа.
 

 

 

 

Во завршниот дел го демонстрирам и објаснувам работниот лист (скелетен приказ) кои учениците треба да го изработат во компјутер.  Им помагам во работата на компјутер според барањата и прашањата поставени од учениците, објаснувам, покажувам, ја следам нивната работа, ја оценувам нивната практична работа со помош на чек листа. На USB ставам  дел од нивните изработки, а потоа ги поврзувам преку проекторот и давам задолжение  да ја презентира нивната изработка. Изготвувањето на скелетниот приказ се оценува со помош на чек листа.

 

 

 

Активностите може да ги видите  во видео записот од часот


 


Видео запис од цртаниот филм „Големата лага"





На следниве линкови може да ги  превземете:

*дневна подготовка

*работен лист изготвен на компјутер (скелетен приказ)

*чек листа за оценување на учениците

*чек листа за оценување на работата на учениците во компјутер

*презентација за часот преку slideshare (долниот прозорец е прикажан со неа)




Пребарување

Flag Counter

Лиценца Криејтив комонс
Ова дело е лиценцирано под лиценца Creative Commons НаведиИзвор-Некомерцијално-БезАдаптираниДела 2.5 Македонија.

Follow Nella's board ВЕСЕЛА УЧИЛНИЦА on Pinterest.
Календар
«  December 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031




Нашето ЕКО катче




едукативно забавни
ликови












Copyright MyCorp © 2024
Website builderuCoz