Работилница на тема „QR код во одделенска настава“
Споделување на искуства со моите драги поранешни колеги од ООУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче од Втората меѓународна ЕДУКОНФЕРЕНЦИЈА 2016, Струга на тема „QR код во одделенска настава“, на работилницата, тековно беа презентирани следните активности:
1. Што е QR - код?
2. Каде може да видиме QR код?
3. Какви информации може да содржи QR код?
4. Што е потребно за подготовка и читање на QR код?
5. Како може да се изготви?
6. Како може да се прочитаат информациите од QR код?
7. Зошто QR код во училница?
8. Наши активности во училница со примена на QR код.
Голема благодарност до моите колешки за убавата дружба, прекрасните моменти и нивната гостопримливост :)


































